September 11, 2025 | | Свет
Арсенал изминатово лето се обидел да донесе големо засилување од Реал Мадрид – Микел Артета лично го посакувал турскиот талент Арда Ѓулер. „Топчиите“ ја гледаа офанзивната линија како главен приоритет и на „Емирати“ пристигнаа Виктор Ѓокереш од Спортинг, Нони Мадуеке од Челси и Еберечи Езе. Сепак, според најновите информации, клубот од Северен Лондон се обидел и за 19-годишниот Ѓулер, а не за Родриго како што често се шпекулираше. Постоеа реални шанси за трансфер бидејќи Арда добиваше ограничена минутажа кај Карло Анчелоти, но ситуацијата целосно се смени по доаѓањето на Чаби Алонсо. Новиот тренер веднаш му даде јасна улога во проектот на „кралевите“. И покрај тоа, Арсенал не ја исклучува опцијата за нов обид во јануари, особено ако Ѓулер повторно се најде во сенка по враќањето на Џуд Белингем и напредокот на младинецот Франко Мастантуоно.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |