Арсенал, Ливерпул, Јунајтед и Тотенхем ќе го тужат Сити ако шампионот го загуби „случајот на векот“

November 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал, Ливерпул, Јунајтед и Тотенхем ќе го тужат Сити ако шампионот го загуби „случајот на векот“

Според пишувањата на „Times“, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем планираат да бараат обештетување од Манчестер Сити, во случај „граѓаните“ да бидат прогласени за виновни во „случајот на векот“, односно во судењето против Премиер лигата во кое се обвинети со дури 115 обвиненија. Можните прекршувања на Сити се од 2009 година, но овие четири клуба ги регистрирале потенцијалните барања сега, пред истекот на законскиот шестгодишен рок. Во ваквиот случај, ќе станува збор за прекршувања од 5 ноември 2018 година, кога „Der Spiegel“ за првпат ги објави документите од „Football Leaks“, со што наводните прекршувања стануваат јавни. Ако Сити биде казнет, клубовите би барале надомест за финансиски загуби поради пропуштени титули или квалификации за Лигата на шампионите и другите европски турнири во текот на неколку сезони. Во месец март или април се очекува пресудата која патем нема да биде конечна бидејќи и двете страни ќе имаат право на жалба, зависно од пресудата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.