April 5, 2025 | | Свет
Арсенал не успеа да дојде до посакуваната победа на „Гудисон Парк“, откако ремизираше 1-1 со Евертон во првиот натпревар од 31. коло во Премиер лигата. Евертон, под водство на искусниот Дејвид Мојс, уште еднаш покажа цврстина и тактичка дисциплина, успевајќи да извлече бод против второпласираниот тим на табелата. Лондонците поведоа преку Тросар во 34. минута, но домашните возвратија во вториот дел – по несмасна интервенција на Луис Скели, беше досуден пенал кој сигурно го реализираше Ндиаје. Овој кикс доаѓа во незгоден момент за „топчиите“, пред важниот дуел против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Освен тоа, Арсенал дополнително си ја отежна трката за титулата, дозволувајќи му на Ливерпул да ја зголеми разликата на врвот, која сега изнесува дури 11 поени. Головите погледнете ги ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |