April 23, 2025 | | Свет
По историскиот пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, Арсенал очигледно малку ја намали концентрацијата во Премиер лигата, што беше евидентно во ремито 2-2 против Кристал Палас во 34. коло од шампионатот. Иако Артета на терен изведе комбиниран тим без неколку клучни играчи, „топџиите“ почнаа фуриозно. Јакоб Кивиор ја затресе мрежата уште во третата минута, откако го матираше Хендерсон. Но, одговорот на Палас не се чекаше долго. Во 27. минута, Еберечи Езе ја искористи моменталната пад на концентрација на Арсенал и донесе израмнување за „орлите“. Само неколку моменти подоцна, поранешниот член на Арсенал, Едди Нкетиа, ја промаши најдобрата шанса за пресврт, додека на другата страна, Тросар беше прецизен и донесе ново водство за домаќините на самиот крај од првото полувреме. Во продолжението, Мартинели успеа да го совлада Хендерсон, но неговиот погодок беше поништен по ВАР-интервенција. Сепак, крајот на мечот донесе шок за Арсенал. Одбраната направи клучна грешка, а Жан-Филип Матета го казни тоа со префинет лоб удар и донесе важен бод за Кристал Палас. Со овој резултат, Арсенал уште повеќе се оддалечува од трката за титулата со Ливерпул. Во наредното коло, „топџиите“ ќе го пречекаат Борнмут, додека Кристал Палас ќе ги одмери силите со Нотингем Форест на домашен терен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |