November 20, 2024 | | Свет
Според каталонски „Sport“, Арсенал стапил во контакт со претставници на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Арда Ѓулер. Турчинот наводно не е задоволен со својот статус во клубот, па е спремен да направи промена. Арсенал планира да ја користи истата формула како со Мартин Одегард кој во јануари 2021 година дојде на позајмица во клубот од Лондон, а потоа неговиот договор беше откупен. Ѓулер пристигна во Реал Мадрид во летото 2023 година од Фенербахче за 20 милиони евра. Наводно, замерката на Анчелоти за неговата игра е слабиот придонес кога тимот врши пресинг и треба да се брани.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |