Арсенал се засилува сериозно: Ќе потроши над 100 милиони евра за две ѕвезди!?

August 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал се засилува сериозно: Ќе потроши над 100 милиони евра за две ѕвезди!?

Арсенал е на чекор од потпишување на Микел Мерино од Реал Сосиедад за сума од 35 милиони евра. Мерино го привлече вниманието на многу екипи со добрите настапи на Европското првенство, а Арсенал веќе некое време преговара за него. Шпанецот беше еден од хероите на шпанската репрезентација на Европското првенство каде го постигна клучниот гол во четвртфиналето против Германија. Покрај Мерино, „Corriere dello Sport“, пишува дека Арсенал ќе тргне по Осимен и е спремна да даде околу 90 милиони евра, сума која може да биде премала за Наполи, но со оглед на тоа што Осимен сеуште не е продаден поради високата цената, очигледно италијанскиот клуб ќе мора да попушти за да го продаде Нигериецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.