Арсенал со ново засилување: Артета добива искуство во средниот ред

July 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал со ново засилување: Артета добива искуство во средниот ред

Арсенал денеска официјално го претстави своето трето летно засилување – Кристијан Норгард пристигнува од Брентфорд и веќе потпиша договор на две години со можност за продолжување уште 12 месеци. „Топчиите“ ќе платат околу 10 милиони фунти на Брентфорд, со дополнителни пет милиони во бонуси. Станува збор за еден од ретките трансфери во ерата на Микел Артета кој не е фокусиран на млади играчи со висока препродажна вредност – но токму тоа го прави Норгард стратешки избор. По заминувањето на Жоржињо и Томас Парти, средниот ред на Арсенал остана без искуство. Артета одлучи да не ризикува со уште еден млад и недокажан играч од странство – примери за тоа се Локонга и Фабио Виеира, кои не успеаја да се адаптираат на Премиер лигата. Норгард, пак, има шестгодишно искуство во Брентфорд, каде беше клучен во промоцијата на тимот и го носеше капитенскиот дрес. Иако има 31 година, Данецот носи стабилност, лидерство и проверено премиерлигашко знаење, што за Арсенал во моментов е приоритет.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.