January 14, 2025 | | Свет
Арсенал ја истражува опцијата за ангажирање на играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди наредното лето, пренесува Дејвин Орнстин од The Athletic. Тимот од Лондон веќе некое време размислувал за овој потег. Клучната фигура за овој трансфер е Микел Артета кој активно ќе биде вклучен во процесот на преговарање. Минатото лето, Ливерпул беше силно заинтересиран за Зубименди, но Шпанецот тогаш одби трансфер во Англија. Покрај тоа што го одби Ливерпул, тој не прифати трансфер ниту во Барселона и Баерн Минхен кои исто така беа силно заинтересирани. Планот на Арсенал е да ја активира неговата откупна клаузула која изнесува 60 милиони евра. Причина за интересот на Арсенал е истекувањето на договорите на Жоржињо и Томас Парти по завршувањето на тековната сезона. Сезонава Зубименди има 22 настапи каде постигна еден гол.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |