May 3, 2025 | | Свет
Борнмут приреди изненадување на „Емирати“ откако со пресврт во второто полувреме славеше победа од 2-1 против Арсенал. Домашните, кои веќе немаат шанси за титулата по триумфот на Ливерпул, очигледно беа со мислите насочени кон претстојниот реванш од полуфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ. Иако менаџерот Микел Артета се одлучи да го изведе најсилниот состав, неговите избраници не беа на потребното ментално ниво. Арсенал поведе во 34. минута со прецизен удар на Деклан Рајс, што беше и единствениот погодок во првиот дел. Во продолжението Борнмут заигра поангажирано и резултатот не изостана. Најпрво Хујсен во 67. минута изедначи, а веќе во 75. Еванилсон ја погоди мрежата за водство и, како што се покажа, конечен триумф на гостите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |