October 6, 2026 | | Свет
Микел Артета повторно бара необични начини за подобрување на деталите во работата на Арсенал. Менаџерот на лондонскиот клуб планира да стапи во контакт со пилоти на борбени авиони од Кралските воздухопловни сили (RAF), со цел да дознае како тие комуницираат во ситуации во кои притисокот е екстремен. Идејата на Артета е начинот на комуникација од средини во кои одлуките мора да бидат брзи и прецизни да се примени и во фудбалот. Според него, кога секоја секунда е важна, нема простор за долги и нејасни инструкции. „Ќе стапам во контакт со тие луѓе и ќе видам како комуницираат, бидејќи таму станува збор за живот или смрт. Сигурен сум дека не користат 20 фрази или 20 зборови ако еден збор е доволен“, изјави Артета. За шпанскиот тренер, целта е комуникацијата на теренот да биде што пократка, појасна и попрецизна, особено во моменти кога играчите се под голем притисок. Ова не е првпат Артета да користи необични методи за тестирање и подобрување на своите фудбалери. Претходно, на една тимска вечера, ангажирал професионални џепчии кои незабележливо им ги земале личните предмети на играчите. Целта била да се тестира нивната будност, вниманието и свесноста за она што се случува околу нив. Таквите методи го покажуваат пристапот на Артета, кој во подготовката на тимот внимание посветува и на деталите кои не се директно поврзани со тактиката и физичката подготовка, пренесува Telegraph.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |