September 16, 2024 | | Свет
Арсенал успеа да го совлада Тотенхем на гостински терен со минимални 1-0 со голот на Габриел од корнер на асистенција на Букајо Сака. Навивачите на Арсенал беа загрижени поради повредата на Сака кој мораше да го напушти теренот порано, а сега е откриено колку време ќе отсуствува, барем според информациите од Англија. Како што пренесува „The Standard“, во Арсенал се уверени дека Букајо Сака ќе биде подготвен за гостувањата кај Аталанта и Манчестер Сити оваа недела. Се претпоставува дека англиската ѕвезда страдала од грчеви, па ова е одлична вест за Микел Артета кој и онака има неколку важни повредени фудбалери.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |