Артета откри зошто Арсенал не ја освои Премиер лигата

May 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Артета откри зошто Арсенал не ја освои Премиер лигата

Арсенал повторно не успеа да дојде до трофеј оваа сезона, иако влезе со високи амбиции, особено во Премиер лигата. Тимот на Микел Артета повторно беше меѓу водечките, но наместо да ја искористи шансата за титула, Ливерпул со новиот тренер Арне Слот ги изненади сите и заврши прв. Овој исход претставува разочарување за клубот и за Артета, кој откри дека на почетокот на сезоната го замислувал моментот кога на „Емирејтс“ ќе ја крева титулата. Но, иако Арсенал беше конкурентен цела сезона, на крајот остана без награда. Артета како главни причини ги посочи повредите и црвените картони, кои го нарушиле ритамот на тимот. Тој верува дека без тие проблеми, Арсенал ќе бил поблиску до титулата. Сепак, потенцира дека тимот мора да продолжи со напредок бидејќи конкуренцијата постојано се засилува. „Црвените картони и повредите. Но без тоа, не знаеме што ќе се случеше. Дали ќе бевме многу поблиску? За мене, одговорот е јасен, да. Поради она што го покажавме и перформансите што ги имавме. Но, ќе мора да направиме нешто друго наредната сезона бидејќи летвичката ќе биде подигната. И кога ќе ги погледнете бодовите што ги имавме во последните три сезони, постојаноста на неосвојување титула е многу ретка. Значи, многу сме блиску, толку блиску во веројатноста, што мора да продолжиме да бидеме таму и да бидеме подобри“, рече Артета. Иако не успеаат да ја освојат Премиер лигата, Арсенал под водство на Артета покажува стабилност и постојано е во борбата за врвот. Шпанецот порача дека мора да се оди чекор понатаму и да се најде формула за конечно освојување на титула.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.