Артета: По само 10 секунди знаев дека треба да го ангажираме Стерлинг

September 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Артета: По само 10 секунди знаев дека треба да го ангажираме Стерлинг

Рахим Стерлинг во последните часови од преодниот рок премина во Арсенал на позајмица, а Англичанецот бил лично убеден од тренерот Артета да дојде во клубот каде тие претходно соработуваа во Манчестер Сити додека Артета беше асистент. Шпанскиот тренер изјави дека му требале само 10 секунди за да се увери дека треба да го ангажира Стерлинг и дека видел глад за успех кај крилниот напаѓач. „Стерлинг е гладен за успех, бев прилично изненаден. Првиот разговор кој го имавме, по само 10 секунди знаев дека треба да го ангажираме, навистина сакаше да ни се придружи. Кога гледате дека фудбалер е гладен за успех, сама да игра секоја минута, дека е посветен и полн со енергија, знаете дека ќе ви биде од корист. Подобри сме со него, сигурно ќе не направи подобар тим“, рече Артета.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.