September 5, 2025 | | Свет
Микел Артета влегува во клучна сезона на клупата на Арсенал. Иако Шпанецот ја трансформираше екипата и три сезони по ред ја водеше до вицешампионската позиција во Премиер лигата, „топчиите“ сè уште го чекаат тој клучен трофеј – титула во Англија или успех во Лигата на шампиони. Откако во декември 2019 го презеде кормилото на Арсенал, Артета доби огромна поддршка од управата и во овие шест години потроши неверојатни 1 милијарда евра за засилувања. Само ова лето беа инвестирани речиси 300 милиони евра, што ја зголемува тензијата околу успехот кој се очекува од тимот. Инвестициите по сезони под Артета: 2020/21 → 86 милиони € 2021/22 → 167,5 милиони € 2022/23 → 186,5 милиони € 2023/24 → 235 милиони € 2024/25 → 109 милиони € 2025/26 → речиси 300 милиони € И покрај ваквата финансиска поддршка, Артета досега може да се пофали само со еден ФА Куп, што е далеку од амбициите на клубот. Доколку и оваа сезона Арсенал не стигне до голем трофеј, критиките кон Шпанецот сигурно ќе се зголемат, а неговата иднина би можела да стане неизвесна.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |