July 5, 2024 | | Свет
Арсенал на големо преговара со Микел Артета за нов договор, а моменталниот му истекува наредното лето. Две сезони по ред Арсенал беа близу да ја освојат Премиерлигата, но два пати на патот им се најде Манчестер Сити. Се очекува и оваа лето сериозно да ја засилат екипата каде приоритет треба да им биде напаѓач, средишен фудбалер, а можеби и лев бек. Артета изрази голема желба за да продолжи во Арсенал. Тој заработува девет милиони фунти по сезона. Новиот ќе му донесе многу повеќе пари, но и поголем авторитет во клубот кога се во прашање доаѓањето и заминувањето на фудбалерите, слична улога каква што имаше легендарниот Арсен Венгер во овој клуб, иако треба да се спомене дека на Венгер клубот генерално не му даваше огромни средства за да ангажира фудбалери и да го унапреди тимот. Најскапиот играч под негово водство кој тој го ангажираше беше Обамејанг, а трансферот чинеше околу 64 милиони евра. На листата е и Лаказет, Озил, Џака, како и Алексис Санчес. „Се уште договорот не е обновен, но тоа не ги менува работите. Среќен сум од тоа како ме ценат во клубот. Работите одат по природен тек, а нашата врска е добра и нема да има проблеми“, истакна Артета.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |