Артета: Топката во Лига Купот е многу различна од онаа во ПЛ, мора да се навикнеш на неа

January 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Артета: Топката во Лига Купот е многу различна од онаа во ПЛ, мора да се навикнеш на неа

Микел Артета, тренерот на Арсенал, го прокоментира синоќешниот пораз од Њукасл (0:2) во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот, истакнувајќи дека топките кои се користат се значително различни од оние во Премиер лигата. „Разликата е огромна, топката се движи поинаку и има различен стисок. Потребно е време за прилагодување, бидејќи играчите чувствуваат разлика веднаш кога ќе ја допрат“, изјави Артета. Реваншот меѓу Њукасл и Арсенал е закажан за 5 февруари, додека во другото полуфинале ќе се сретнат екипите на Тотенхем и Ливерпул. Неговиот тим имаше дури 23 шута, од кои само 3 завршија во рамките на голот на Њукасл.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.