May 8, 2025 | | Свет
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, упати честитки до Пари Сен Жермен за пласманот во финалето на Лигата на шампионите, но воедно нагласи дека неговиот тим може да си замине со крената глава од натпреварувањето. Иако „топчиите“ беа елиминирани со вкупен резултат од 3-1 по двомечот, Артета верува дека Арсенал бил рамноправен, па дури и подобар дел од времето. „Честитки за ПСЖ за пласманот во финалето. Кога ќе ги погледнете двата натпревари, нивниот најдобар фудбалер беше голманот и направи разлика. Бевме многу блиску до финале, поблиску од што покажуваат резултатите“, изјави Артета по мечот во Париз. На реваншот, ПСЖ славеше со 2-1 на „Паркот на принцовите“, а англискиот претставник не успеа да го искористи добриот старт на мечот. „По првите 20 минути требаше да водиме со 3-0. Во вакво натпреварување мора нешто да се склопи во ваша полза, а кај нас тоа не се случи. Во голем дел од двомечот бевме подобриот тим, но не успеавме да го материјализираме тоа“, додаде шпанскиот стратег. Артета истакна дека, и покрај елиминацијата, е горд на своите фудбалери. „Горд сум на играчите. Немам дилема, 100% сум сигурен дека никој не нѐ надигра оваа сезона од Лигата на шампионите.“ Со елиминацијата од ПСЖ, Арсенал ја завршува сезоната без освоен трофеј, откако претходно беше елиминиран и од домашните купови, а не успеа да остане во трката за титулата во Премиер лигата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |