July 27, 2024 | | Свет
Тренерот на Арсенал, Микел Артета потенцираше што треба неговиот тим да направи за конечно да ја освојат Премиер лигата која ја немаат освоено од 20024 година. Во последните две сезони Арсенал заврши на второто место, губејќи го првото место од Сити. „Треба да освоиме 114 бодови, ако го направиме ова, дефинитивно ќе ја освоиме лигата. Ова е нашата цел, да видиме што ќе се случи. Мораме да го заслужиме правото на победа“, изјави Артета за „Goal“. Ова значи дека треба да ги победат сите 38 натпревари што докажува дека ќе им требаат што е можно повеќе победи наредната сезона за конечно да го симнат Сити од тронот. Сезоната во Премиер лигата започнува на 16 август со натпреварот Манчестер јунајтед - Фулам, а походот на Арсенал ќе започне со дуелот против Вулвс.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |