Асенсио се спаси од затвор поради секс-скандалот, ќе плати само парична казна

July 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Асенсио се спаси од затвор поради секс-скандалот, ќе плати само парична казна

Фудбалерот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, кој беше обвинет за незаконско споделување на снимки со сексуална содржина, би можел да избегне затворска казна. Неговиот адвокат, Алфонсо Моралес Кампруби, успеал да постигне договор со жртвите, со кој тежината на делото се преквалификува. Шпанските медиуми јавуваат дека договорот има за цел делото на Асенсио да се квалификува како „полесно казнено дело“, со што тој би бил издвоен од постапката која се води против уште три лица вклучени во истиот случај. Според шпанските закони, со оваа преквалификација, наместо затворска казна, Асенсио би се соочил само со парична казна која би ја плател.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.