Аталанта го совлада Милан среде Сан Сиро и дополнително го оддалечи од ЛШ (ВИДЕО)

April 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аталанта го совлада Милан среде Сан Сиро и дополнително го оддалечи од ЛШ (ВИДЕО)

Милан ги загуби речиси сите шанси за пласман на петтата позиција во Серија А, откако вечерва беше поразен на домашен терен од Аталанта со 0-1. Дуелот беше решен со еден единствен погодок. Стрелец беше Едерсон во 62. минута кој ја круниса одличната тимска акција на гостите и му донесе злато вредна победа на тимот од Бергамо. „Росонерите“ се обидуваа да се вратат во игра, но нивните напади беа неефикасни и без конкретна закана за голот на противникот. Напротив, Аталанта го задржа водството со сигурна игра во одбраната. По оваа загуба, Милан падна на деветтата позиција со 51 освоен бод, додека Јувентус кој е на петтото место има 59 и натпревар помалку. До крајот на сезоната остануваат уште пет кола, но шансите за европски фудбал за тимот од Милано се сè помали.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.