Аталанта му нанесе тежок удар на Јувентус со дури четири гола во мрежата (ВИДЕО)

March 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аталанта му нанесе тежок удар на Јувентус со дури четири гола во мрежата (ВИДЕО)

Апетитите на навивачите на Јувентус значително пораснаа по серијата од пет последователни победи, но вечерва тимот на Тиаго Мота доживеа вистински удар во трката за титулата. Во дербито од 28. коло на Серија А, „старата дама“ потфрли пред својата публика и загуби од Аталанта со убедливи 0-4, откако на полувреме гостите водеа со 0-1. Од самиот почеток на средбата беше јасно дека Јувентус ќе има проблеми против опасната „божица“. Гостите беа поагресивни во нападот и стигнаа до водство од пенал, откако Мекени играше со рака во шеснаесетникот. Ретеги беше сигурен реализатор и го донесе предноста за Аталанта. Вториот дел започна со нов шок за домаќините, кога Де Рон го зголеми водството на 0-2. Иако Мота веднаш направи три измени, тоа не донесе никакви промени на теренот. Аталанта продолжи да доминира и со головите на Запакоста и Лукман стигна до убедлива победа од 0-4. Со овој триумф, Аталанта се доближи на само три бода до лидерот Интер, кој има 61 бод, додека Јувентус останува четврти со 52 бода, но може да падне на петтото место доколку Лацио слави против Удинезе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.