Аталанта немоќна против Интер во Суперкупот на Италија, Дамфрис двоен стрелец (ВИДЕО)

January 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аталанта немоќна против Интер во Суперкупот на Италија, Дамфрис двоен стрелец (ВИДЕО)

Интер успеа да се пласира во финалето на Суперкупот на Италија, совладувајќи ја Аталанта со 2:0 на натпреварот одигран во Саудиска Арабија. „Нероаѕурите“ доминираа уште од стартот на натпреварот, создавајќи повеќе шанси за гол. Иако Аталанта не беше без одговор и во неколку наврати се закани, првото полувреме заврши без погодоци. Интер го скрши мразот само четири минути по почетокот на вториот дел, кога Дензел Дамфрис го отвори резултатот. И покрај водството, играта на теренот остана под контрола на избраниците на Симоне Инзаги. На околу половина час пред крајот, Дамфрис повторно погоди, поставувајќи ги конечните 2:0 и обезбедувајќи му на Интер место во финалето. Актуелниот шампион на Италија ќе се соочи со победникот од пресметката меѓу Милан и Јувентус во борбата за титулата во Суперкупот. Овој дуел е закажан за трети јануари со почеток во 20:00 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.