Атанасов излезе како победник во дуелот со Чурлинов во Полска, двајцата наместија за гол! (ВИДЕО)

August 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Атанасов излезе како победник во дуелот со Чурлинов во Полска, двајцата наместија за гол! (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци, Дарко Чурлинов и Јани Атанасов директно се соочија во македонското дерби во Полска каде успеаа да запишат по една асистенција. Краковија на Атанасов успеа да слави над актуелниот првак Јагелонија со 4-2 каде игра нашиот Чурлинов. Првото полувреме заврши со резултат 2-2 каде Чурлинов забележа асистенција при погодокот на Кубицки во 26 минута.

Jagiellonia Białystok [2]-1 Cracovia - Jarosław Kubicki 26' great goal (Ekstraklasa) byu/4gjdtokurwa insoccer
Тимот на Јани многу подобро се снајде во второто полувреме каде Калман стрелаше 3-2, а во судиското продолжение Јани Атанасов му намести гол на Бохнак за потврда на победата каде беа поставени конечните 4-2.
Jagiellonia Białystok 2-[4] Cracovia - Mateusz Bochnak 90+4' (Ekstraklasa) byu/4gjdtokurwa insoccer
Чурлинов играше до 67 минута, а Јани Атанасов влезе од 60 минута во игра. Краковија е лидер во шампионатот со 10 бодови по пет одиграни меча, а Јагиелонија е втора со девет бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.