Атланта ги шокираше Меси и дружината: Ќе се игра „мајсторка“! (ВИДЕО)

November 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Атланта ги шокираше Меси и дружината: Ќе се игра „мајсторка“! (ВИДЕО)

Атланта го совлада Интер Мајами со 2-1 во последните минути од дуелот и со тоа успеа да избори „мајсторка“ во плејофот во МЛС. Интер Мајами првиот меч го доби со 1-0 и им беше потребна победа и вчера за да поминат понатаму, но сепак ќе се игра одлучувачки натпревар во Мајами. Интер Мајами поведе со голот на Мартинез, по асистенција на Редондо, но домаќините направија пресврт. Вилијамс израмни на 1-1 во 58. минута, а потоа Силва погоди во последните моменти од натпреварот за 2-1. Интересно е што Атланта беше девета во регуларниот дел од сезоната и играше дополнителен меч против осмопласираниот Монтреал за да дојде до меч со Интер Мајами.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.