Атлетик Билбао успеа да ја исфрли Рома од Лига Европа (ВИДЕО)

March 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Атлетик Билбао успеа да ја исфрли Рома од Лига Европа (ВИДЕО)

Атлетик Билбао исто така избори пласман меѓу најдобрите осум, триумфирајќи со 3-1 над Рома, што во збир од двата натпревари му донесе предност од 4-3. Клучниот момент на натпреварот во Баскија беше црвениот картон на Хумелс, кој ја остави Рома со десет играчи.

Нико Вилијамс постигна два гола, а Берчиче додаде уште еден, додека Паредес погоди од пенал за гостите во 92. минута. Ајнтрахт Франкфурт убедливо го совлада Ајакс со 4-1, а со вкупни 6-2 обезбеди место во четвртфиналето на Лига Европа. Лацио, кој влезе во реваншот со предност од 2-1 против Викторија Плзен, се најде во незгодна ситуација откако Чесите поведоа преку Шулц во 52. минута. Но, Ромањоли во 77. минута израмни на 1-1, што беше доволно за римскиот клуб да продолжи понатаму со вкупни 3-2. Во четвртфиналето место обезбеди и Бодо/Глимт. Норвежаните загубија со 2-1 на гостувањето кај Олимпијакос, но нивната убедлива победа од 3-0 на домашен терен им беше доволна за пласман понатаму.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.