March 14, 2025 | | Свет
Атлетико Мадрид јавно ја изрази својата фрустрација по соопштението на УЕФА во врска со спорниот пенал што беше поништен во осминафиналето од Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ беа елиминирани од Реал Мадрид по изведување пенали, но контроверзите околу пеналот на Хулијан Алварез не стивнуваат ни по два дена. Аргентинскиот напаѓач се лизна во моментот на изведувањето на ударот, што доведе до двоен допир со топката. Оваа ситуација отвори жестоки дебати, а по реакцијата на УЕФА, Атлетико издаде соопштение во кое ја истакна својата незадоволност од начинот на кој беше донесена одлуката. „Знаеме дека грешката на ВАР никогаш нема да го промени конечниот резултат. Колку и да е јасна грешката, резултатот ќе остане. Но, длабоко жалиме за овој „инцидент“ и неговото влијание врз нас. Ова ги урна надежите на милиони навивачи и ги поткопа извонредните напори на нашиот тим. И покрај објаснувањето на УЕФА, ние сме фрустрирани бидејќи веруваме дека: *Топката не беше јасно поместена пред ударот во ниту еден од достапните агли. *ВАР треба да интервенира само во случаи на јасни и очигледни фаули, а оваа одлука е донесена за само 45 секунди, се вели во соопштението на клупскиот персонал. Не е во ДНК на Атлетико да бара изговори. Веќе гледаме напред кон нашиот следен предизвик – неделната средба со Барселона“, се наведува во соопштението на Атлетико Мадрид.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |