Атлетико лесно го совлада Рајо Валјекано (ВИДЕО)

April 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Атлетико лесно го совлада Рајо Валјекано (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид славеше со 3-0 против Рајо Валјекано во рамки на 33. коло од шпанската Ла Лига. Иако резултатот изгледа убедливо, „јорганџиите“ мораа да се потпрат на одличниот Јан Облак, кој со неколку клучни интервенции ја сочува мрежата недопрена. Головите за Атлетико ги постигнаа Серлот (3'), Галагер (45') и Алварез (77'), со последниот погодок дојден по асистенција на Гризман. Токму навремената реализација и цврстата одбрана беа клучот за три нови бода. Со оваа победа, Атлетико се зацврсти на третата позиција на табелата со 66 бодa, десет помалку од лидерот Барселона, на пет кола до крајот на сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.