October 9, 2024 | | Свет
Атлетико Мадрид денеска и официјално го потпиша договорот за промена на името на стадионот каде за возврат ќе добијат огромна сума. Имено, сега наместо Ванда Метрополитано, стадионот ќе се вика Ријад Ер Метрополитано. „Постигнавме договор со нашиот главен спонзор да го именуваме нашиот стадион Ријад Ер Метрополитано до 2033 година, првиот меч со новото име на стадионот ќе биде против Леганес на 20 октомври“, се вели во соопштението на Атлетико Мадрид. За овој договор, Атлетико Мадрид ќе заработи околу 300 милиони евра во наредните девет години.
❤️🤍 pic.twitter.com/8pXkBG4pWU
— Atlético de Madrid (@Atleti) October 9, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |