Атлетико Мадрид се спаси од пораз со играч помалку (ВИДЕО)

February 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Атлетико Мадрид се спаси од пораз со играч помалку (ВИДЕО)

По денешниот кикс на Реал Мадрид, во Ла Лига не успеа да победи ниту нивниот градски ривал Атлетико Мадрид. Екипата на Диего Симеоне одигра 1:1 против Селта на домашен терен, а натпреварот не почна добро за нив. Веќе во петтата минута останаа со играч помалку, откако Пабло Бариос доби директен црвен картон. Селта ја искористи бројчаната предност и поведе преку Јаго Аспас, кој беше прецизен од пенал. Сепак, Атлетико не се предаде и во 82. минута преку Сорлот успеа да стигне до израмнување и да освои барем еден бод. Овој резултат оди во прилог на Барселона, која во понеделник против Рајо Ваљекано ќе има можност да се искачи на врвот на табелата доколку забележи победа. Головите погледнете ги ТУКА

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.