February 25, 2025 | | Свет
Вечерва бевме сведоци на спектакуларен натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид во рамките на првиот полуфинален дуел од Копа дел Реј каде конечниот резултат беше 4-4. Натпреварот започна со шок за Барселона, бидејќи Алварез погоди за водство на Атлетико од 0:1 уште во 47. секунда. Само неколку минути подоцна, во 5. минута, Гризман ја зголеми предноста на гостите на 0:2. Барселона брзо реагираше и во 21. минута успеа да израмни на 2:2 преку погодоците на Педри и Кубарси. До крајот на првиот дел, односно во 41. минута, Мартинез донесе целосен пресврт за „каталонците“, носејќи им водство од 3:2. Во второто полувреме, Левандовски во 74. минута го зголеми водството на Барса на 4:2, но Атлетико не се предаде. Љоренте намали на 4:3 во 84. минута, а во 90+3. минута Серлот погоди за конечни 4:4. Сега останува да видиме што ќе се случи во реваншот на „Ванда Метрополитано“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |