Атлетико победи, но испадна од СКП, ПСЖ и Ботафого одат во следната фаза! (ВИДЕО)

June 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Атлетико победи, но испадна од СКП, ПСЖ и Ботафого одат во следната фаза! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид победи, но тоа не беше доволно – со триумф од 1-0 над Ботафого, „јорганџиите“ останаа кратки за уште два гола и ја завршија својата авантура во групната фаза. Во меч со висок влог, тимот на Диего Симеоне тргна агресивно, знаејќи дека му се потребни три гола разлика за да обезбеди нокаут фаза. Но, Бразилците од Ботафого играа цврсто, организирано и со јасна цел – да го задржат својот пласман. Антоан Гризман успеа да ја затресе мрежата дури во 87. минута, што донесе минимална победа за шпанскиот тим, но и огромно разочарување, бидејќи и покрај триумфот – патувањето заврши. По последниот свиреж, токму играчите на Ботафого беа тие кои славеа – нивната подобра гол разлика ги испрати во осминафиналето. До таму стигна и ПСЖ, кој без многу компликации го реши Сиетл Сундерс со 2-0. Францускиот шампион ја отвори серијата преку Кварацхелија во 35. минута, а Хакими ја потврди победата во вториот дел, поставувајќи печат на пласманот меѓу најдобрите. Додека Атлетико пакува куфери, Ботафого и ПСЖ се подготвуваат за нови предизвици во нокаут фазата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.