Атлетико се посрамоти: Пејачката која требала да пее во дуелот со Реал навивала за „кралевите“!

September 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Атлетико се посрамоти: Пејачката која требала да пее во дуелот со Реал навивала за „кралевите“!

Атлетико Мадрид се најде во една непријатна ситуација пред дуелот со Реал Мадрид во Ла Лига. Тие го откажале настапот на популарната мексиканска пејачка и актерка Дана Паола на полувремето од дербито бидејќи таа навивала за Реал Мадрид и прогнозирала победа од 2-1 за гостите. Така, „Јорганџиите“ се решиле да го откажат нејзиниот настап, а допрва ќе видиме дали некој ќе настапи на нејзино место. Атлетико Мадрид во моментов се наоѓа на третата позиција со 15 бодови, а Реал има 17 и е втор. Барселона пак е прва и има перфектен учинок со седум победи на првите седум натпревари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.