Автогол ја носи Франција во четвртфинале! (ВИДЕО)

July 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Автогол ја носи Франција во четвртфинале! (ВИДЕО)

Франција ја совлада Белгија со минимални 1-0 и патува во четвртфиналето. Французите ќе го чекаат победникот од дуелот меѓу Португалија и Словенија. Првото полувреме беше бавно каде најчистата шанса ја имаше Турам, а и Чуамени имаше два обиди. Во второто полувреме темпото порасна каде и двете селекции имаа свои шанси, а одлучувачкиот момент беше во 85. минута со несреќниот автогол на Вертонген. Белгија имаше шанси преку Лукаку, како и Де Брујн. За нијанса Франција беше можеби подобра, но и нивниот настап беше далеку од идеален. Се играше бавно, трпеливо, без премногу ризик каде тесните моменти го одлучија овој натпревар. Впрочем, така се игра и во текот на целото Европско првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.