Баер ќе го продаде Вирц во Баерн, но само под еден услов

May 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Баер ќе го продаде Вирц во Баерн, но само под еден услов

Како што пренесува германскиот Спорт1, Групацијата Баер го дала своето одобрение за евентуален трансфер на фудбалскиот бисер Флоријан Вирц во редовите на Баерн Минхен, но само под еден јасен услов – цената мора да изнесува 150 милиони евра. Младата ѕвезда на Баер Леверкузен е во центарот на шпекулации последните денови, а се смета дека веќе има усен договор со „баварците“ за преселба на „Алијанц Арена“. Генералниот директор на Баер, Фернандо Каро, добил зелено светло да започне официјални преговори со Баерн, но останува отворено прашањето дали клубот од Минхен ќе биде подготвен да ја плати бараната сума. Дополнителна компликација е затегнатиот однос меѓу спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, и Каро, поради што е најавено дека во процесот ќе се вклучи и поранешниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, кој ќе има улога на посредник. Во моментов, Баерн не е спремен да ја плати целата сума, па следи интересен развој на настаните околу потенцијално еден од најскапите трансфери во германската историја.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.