Баерн дебело ќе заработи од трансферот на Зиркзе во Јунајтед!

July 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн дебело ќе заработи од трансферот на Зиркзе во Јунајтед!

Џошуа Зиркзе ќе биде нов фудбалер на Манчестер Јунајтед во трансфер кој ќе вреди 42 милиони евра, сума која ќе биде платена во следните три сезони, а половина од оваа сума ќе заврши на сметката на Баерн Минхен. Имено, кога Баерн Минхен го продаде Зиркзе на Болоња, поранешниот директор на Баерн Салихамиџиќ успеа да вметне клаузула според која Баерн Минхен ќе добие дури 50 проценти од следната продажба на Зиркзе. Тоа значи дека околу 20 милиони евра Баерн ќе заработи од овој трансфер и благодарение на одлуката да се вметне ваква клаузула. Исто така, Јунајтед ќе плати и 15 милиони евра провизија на неговиот агент Киа Јурабчиан, а токму ова е главната причина зошто Милан се откажа од овој трансфер и зошто упорно одбиваше да ја плати високата провизија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.