Баерн доби забрана да ги носи домашните дресови во ЛШ

February 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн доби забрана да ги носи домашните дресови во ЛШ

Баерн Минхен ќе се соочи со Селтик во плеј-оф рундата од Лигата на шампионите в среда, но германскиот клуб доби неочекувана забрана од УЕФА во пресрет на натпреварот. Имено, Баерн нема да смее да настапи во своите традиционални црвени дресови, бидејќи бројките на грбот се во црна боја и не се доволно видливи. УЕФА процени дека ова претставува прекршување на правилата за јасноста на ознаките, па донесе одлука да го забрани дресот. Поради ова, Баерн ќе мора да направи промени, а се очекува во продолжението од сезоната бројките и имињата на играчите на црвениот дрес да бидат во бела боја. Сепак, против Селтик, Баерн најверојатно ќе настапи во црните дресови, кои веќе ги користеше оваа сезона, заедно со третата бела комбинација. Интересно е што баварците досега не одиграле ниту еден натпревар од Лигата на шампионите во своите домашни црвени дресови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.