Баерн го одврзува ќесето за Чави Симонс!

July 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн го одврзува ќесето за Чави Симонс!

Чави Симонс донесе одлука да замине од ПСЖ, а воедно тој не е ни во плановите на тренерот Луис Енрике. Тој сезоната ја помина во Лајпциг на позајмица, па иако тие се трудат да го ангажираат повторно, очигледно најголеми шанси за негово ангажирање има Баерн Минхен. Баерн сака да го ангажира на позајмица и тоа една сезона, но во неа ќе има и клаузула за задолжителен откуп на крајот од следната сезона, со што баварците не би ризикувале летово да ги надминат границите за финансиски ферплеј по бројните активности на пазарот. Позајмицата би вредела 20 милиони евра, а заедно со трајниот договор трансферот би чинел околу 90 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.