January 8, 2025 | | Свет
Џамал Мусиала, е во преговори со клубот за нов договор. Актуелниот договор му истекува во 2026 година, но Баерн не сака да ја повтори грешката што ја направи со Алфонсо Дејвис и да чека до последен момент за да го продолжи договорот. Мусиала ги изненадил челниците на Баерн со своите барања. Според BILD, тој сакал да има клаузула во договорот од 175 милиони евра, која би му овозможила да замине ако некој клуб ја плати. Баерн, пак, имал намера да ја постави клаузулата на многу повисока сума – половина милијарда евра, но Мусиала не се согласил со ова. На крајот, се очекува да се постигне компромис и клаузулата да биде околу 200 милиони евра, што ќе биде приемливо за двете страни. Мусиала сака да продолжи во Баерн и се очекува договорот да биде потпишан наскоро.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |