September 17, 2024 | | Свет
Џамал Мусиала во моментов е апсолутно најголемиот талент во редовите на Баерн Минхен, но нервозата во раководството на Баерн расте бидејќи тешко одат преговорите за нов договор. Моменталниот договор на Мусиала истекува во 2026 година, а и самиот клуб призна дека ќе биде прилично тешко да го убедат да потпише нов договор. Наводно, агентот на Мусиала барал богат бонус за потпис на договорот, но плата од 350.000 евра неделно што ќе го направи Германецот најплатен играч во тимот. Засега ставот на Баерн е дека таквата плата е преголема и ќе инсистираат на пониска плата, но ако не успеат двете страни да се договорат, клубот веќе одредил и цена за заинтересираните клубови. Интерес има од Реал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |