February 28, 2025 | | Свет
Се чини дека времето на Џошуа Кимих во Баерн Минхен се ближи кон крајот, откако клубот ја повлекол понудата за нов договор. Според германските медиуми, одолговлекувањето на преговорите од страна на играчот било главната причина за оваа одлука. Оваа ситуација веднаш ги активираше клубовите кои го следат Кимих, а најзаинтересиран во моментов е Арсенал. Според „Скај Спорт Германија“, токму интересот од лондонскиот клуб бил клучен фактор во неговото двоумење околу продолжување на соработката со Баерн. Покрај Арсенал, за Кимих се интересираат и ПСЖ, како и тимови од МЛС и Саудиска Арабија. Сепак, последните информации сугерираат дека фудбалерот има намера да остане во Европа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |