March 29, 2025 | | Свет
Баерн Минхен со тесна победа од 3-2 над Сент Паули успеа да ги запише новите три бода во 27. коло од Бундеслигата. Екипата на Винсент Компани мораше да вложи повеќе од очекуваното за да ја скрши отпорната гостинска одбрана. Хари Кејн го отвори мечот за Баварците, но Сент Паули експресно возврати преку Елиас Саад, па на полувреме резултатот беше 1-1. Во вториот дел, Баерн ја зголеми агресијата и конечно го најде патот до мрежата. Лирој Сане презеде одговорност и со два мајсторски гола ја донесе победата за својот тим. Сент Паули во завршницата преку Ларс Рицка намали на 3-2, но немаше време за нешто повеќе. Во другите натпревари од колото, Вердер Бремен без многу мака славеше со 3-0 на гости кај Холштајн Кил, Борусија Менхенгладбах со минимални 1-0 го совлада Лајпциг, а Хајденхајм приреди изненадување победувајќи го Волфсбург со 0-1. Хофенхајм и Аугсбург ги поделија бодовите со реми 1-1.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |