Баерн Минхен има „идеален план“ како да го реализира трансферот на Вирц

May 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн Минхен има „идеален план“ како да го реализира трансферот на Вирц

Баерн Минхен подготвува вистинска трансфер-сензација и, според германските медиуми, веќе побарал поддршка од својот моќен спонзор Адидас за да го доведе еден од најбараните фудбалери во Европа Флоријан Вирц. Младата ѕвезда на Баер Леверкузен блескаше оваа сезона и сега е на радарот на „баварците“, кои сакаат да го донесат на „Алианц Арена“ и да го претворат во центар на својот нов проект. Сепак, зделката нема да биде ни малку евтина. Се шпекулира дека целиот пакет би изнесувал околу 250 милиони евра: половина како обесштетување за Баер Леверкузен, а другата половина за петгодишен договор со играчот. Баер Леверкузен не сака лесно да се откаже од својата најголема ѕвезда, особено со оглед на тоа што клубот наскоро ќе потпише договор со нов спортски бренд Њу Баланс. Токму тука влегува Адидас, германскиот гигант за спортска опрема, кој е долгогодишен спонзор и на Баерн Минхен и на самиот Вирц. За Адидас, преминот на Вирц во Баерн би бил одличен маркетиншки потег, бидејќи би продолжил да го промовира нивниот бренд на највисоко ниво. Со ваква поддршка од сите страни, Баерн веќе скроил стратегија за трансферот и се надева дека ќе го реализира еден од најголемите трансфери во историјата на германскиот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.