Баерн Минхен се сопна кај Франкфурт, примија гол во 94. минута! (ВИДЕО)

October 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн Минхен се сопна кај Франкфурт, примија гол во 94. минута! (ВИДЕО)

Франкфурт и Баерн Минхен одиграа интересен натпревар каде конечниот резултат беше 3-3. Баварците останаа без целиот плен откако примија гол во 94. минута каде стрелец беше Мармуш. Баерн Минхен беше тој кој го отвори резултатот во 15. минута преку Ким Мин Цае. Мармуш израмни за 1-1 во 22. минута, а Екитике постигна гол за 2-1 за домакините во 35. минута. Упамекано возврати во 38. минута на асистенција на Олисе кој патем го постигна голот за пресврт на Баерн во 53. минута. Но, кога Баерн мислеше дека ќе ги освои сите три бода, следуваше шокантен гол на Мармуш во 94. минута. Баварскиот клуб сега има 14 бодови, исто колку што има и Лајпциг, а Франкфурт е само на еден бод позади нив.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.