June 22, 2024 | | Свет
Според германскиот весник „Bild“ Баерн Минхен се насочил кон играчот од средниот ред на Интер и Турција, Хакан Чалханоглу. Германците се обидуваат да го обноват својот тим под водство на новиот тренер Винсент Компани, откако ја пропуштија титулата во Бундеслигата. Меѓу кандидатите за засилување на тимот е Чалханоглу, кој веројатно двете најдобри сезони во кариерата ги имаше во Интер под водство на тренерот Симоне Инзаги. Тој им помогна да стигнат до финалето на Лигата на шампионите, а потоа го освоија и Скудетото, сето тоа во нова подлабока плејмејкерска улога што му ја разви Инзаги по повредата на Марсело Брозовиќ. Овој трансфер би бил скап, бидејќи тој неодамна потпиша нов договор со Нероаѕурите до јуни 2027 година, а се спомнуваат цени и од над 60 милиони евра за потенцијалниот трансфер. Сезонава, тој придонесе со 15 гола и три асистенции во 40 натпреварувачки натпревари за Интер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |