November 26, 2024 | | Свет
Првата вечер од петтото коло на Лигата на шампиони донесе многу голови. Баерн Минхен минимално славеше против ПСЖ со голот на Ким во 38. минута во една мешаница при изведувањето на корнер на домаќините. Во 57. минута Дембеле доби втор жолт картон, ПСЖ остана со фудбалер помалку, но Баварците не го искористија тоа за да постигнат уште неколку голови. Арсенал полека се буди, а тоа го покажа денешната победа против Спортинг во Португалија со убедливи 1-5. Мартинели, Хаверц, Габриел, Сака и Тросар беа стрелци на головите за Арсенал, Инасио погоди за Спортинг. Леверкузен со 5-0 го совлада Салцбург. Вирц даде два гола, по еднаш погодија Грималдо, Шик и Гарсија. Барселона пак рутински го совлада Брест со убедливи 3-0, Левандовски погоди два пати и еднаш Дани Олмо. СИТЕ РЕЗУЛТАТИ: Слован Братислава - Милан - 2-3 Спарта Прага - Атлетико Мадрид - 0-6 Барселона - Брест - 3-0 Баерн - ПСЖ - 1-0 Интер - Лајпциг - 1-0 Леверкузен - Салзбург - 5-0 Манчестер Сити - Феенорд - 3-3 Спортинг - Арсенал - 1-5 Јанг Бојс - Аталанта - 1-6
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |