Баерн му одржа лекција на Леверкузен и си обезбеди четвртфинале (ВИДЕО)

March 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн му одржа лекција на Леверкузен и си обезбеди четвртфинале (ВИДЕО)

Баерн докажа дека оваа сезона има предност во однос на Леверкузен, совладувајќи го со убедливи 3-0. Хари Кејн беше херојот на натпреварот, постигнувајќи два погодоци и влегувајќи во историјата како 11-ти најдобар стрелец во Лигата на шампионите. Натпреварот започна одлично за избраниците на Винсент Компани, откако Хари Кејн погоди уште во деветтата минута. Баварците имаа уште неколку можности за зголемување на водството, но до крајот на првиот дел резултатот остана непроменет.

Второто полувреме донесе вистинска еуфорија за домашните навивачи. Џамал Мусијала во 54. минута го удвои водството, а ситуацијата за Леверкузен стана уште потешка кога Норди Мукиеле доби втор жолт картон.

Фармацевтите целосно се распаднаа по наивно направениот пенал во 75. минута, што го искористи Кејн за својот втор погодок, со што ги постави конечните 3-0. Со оваа победа, Баерн се доближи до четвртфиналето, каде најверојатно ќе ги пречека Интер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.