Баерн на Компани се изнамачи во првиот натпревар од Бундеслигата! (ВИДЕО)

August 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн на Компани се изнамачи во првиот натпревар од Бундеслигата! (ВИДЕО)

Баерн Минхен успеа да го совлада Волфсбург во првиот натпревар од Бундеслигата, натпревар кој воедно беше првиот официјален за Компани како тренер на Баерн. Конечниот резултат беше 2-3 за тимот на Компани каде победата ја донесе Гнабри со гол во 82. минута. Баварците поведоа во 19. минута со голот на Џамал Мусиала, а во второто полувреме Волфсбург за десет минути направи пресврт. Баерн израмни со голот во 65. минута кога Јакуб Камински си постигна автогол. Во 82. минута Гнабри му донесе победа на Баерн Минхен а сезонава огромен ќе биде притисокот Бундеслигата да се врати кај тимот од Минхен по лошата претходна сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.