Баерн не се откажува од Диаз: Се спрема нова понуда!

July 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн не се откажува од Диаз: Се спрема нова понуда!

Луис Диаз останува на радарот на Баерн Минхен, а германскиот гигант е подготвен со нов обид да го донесе крилниот напаѓач од Ливерпул. Баварците наскоро ќе испратат подобрена понуда, откако првата – вредна 67 милиони евра беше одбиена од „Енфилд“. Колумбискиот репрезентативец веќе искажал желба за нова средина, а интересот на Баерн доаѓа како идеална можност за нов предизвик. Баварците не се откажуваат и сакаат да го затворат трансферот што е можно побрзо, со тоа што Луис Диаз е приоритетен избор во летниот преоден рок. Во исто време, Баерн води паралелни преговори и за Волтемаде, но сите сили се насочени кон Диаз.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.