Баерн пак по старо: Го краде капитенот на ривалот

June 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн пак по старо: Го краде капитенот на ривалот

Баерн Минхен е во потрага по нов стопер, а изгледа изборот го најдоа кај главниот ривал Баер Леверкузен. Имено, приоритет за Баерн за оваа позиција е Џонатан Тах, капитенот на Леверкузен. Во случај да замине, Минхен е опцијата која тој ја преферира, а интерес за него има и од тимови од Премиерлигата. Наскоро двата клуба меѓусебно ќе преговараат. Неговиот договор истекува следното лето, а според Transfermarkt неговата вредност е 30 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.