August 26, 2025 | | Свет
Баерн Минхен ова лето беше далеку од најактивните европски гиганти на трансфер-пазарот, откако потрошија „само“ 70 милиони евра за Луис Дијас, а Џонатан Тах пристигна како слободен агент. Но, германскиот шампион очигледно подготвува вистински бум на крајот од преодниот рок. Според информациите на „Билд“, на вечерашниот состанок на „Алијанц арената“ било одлучено клубот да тргне по потписот на три големи имиња. Првите двајца се од редовите на Челси. Николас Џексон веќе ги договорил личните услови со Баерн, а „сините“ бараат 46 милиони евра за неговите услуги. Паралелно, Баерн преговара и за Кристофер Нкунку, па Челзи им понудил пакет-зделка – двајцата за вкупна сума од 92,5 милиони евра. Третото име е вистинско изненадување. Бразилецот Антони, кој не влегува во плановите на Манчестер Јунајтед, е подготвен да ја промени средината. Иако во моментов е во преговори со Бетис, повик од Баерн би можел целосно да ја смени ситуацијата и да го насочи кон Минхен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |